Скопје во делата на ликовните уметници

Извори: Скопје во делата на ликовните уметници. Музеј на град Скопје, Ноември 1996

Меморирање на традицијата. Музеј на град Скопје, 2008

 

Во денешната објава ви пренесуваме мала галерија на дела од ликовното творештвото кои за тема го имаат урбаниот пејсаж на Скопје. Во продолжение ви пренесуваме и дел од текстуалното објаснување на изложбата именувана како „Скопје во делата на ликовните уметници“ одржана во ноември 1996 во Музеј на град Скопје:

 

 

Барутовски Божин, Мотив од Старата чаршија 1959

 

 

 

„Скопје во делата на ликовните уметници“ е наслов што најчесто го поврзуваме со претставата на урбани целини или објекти обединети под терминот урбан пејсаж. Овој стар ликовен мотив кој добива големи поттици во XVII век, кога (под влијанието на топографските цртежи од претходниот век) се оформува еден особен вид на пејзажот – ведуатата, не поставува во положба, во рамките на насловот на изложбата, ликовното дело да го согледаме на три нивоа.

 

С. Г. , Скопје, 1923

 

 

 

Прво, на нивото на точен запис на изгледот на определен локалитет, потоа на нивото на манифестацијата на различни ликовни правци и пластични решенија во рамки на темата за која сега станува збор и на крајот, на ниво на емотивната врска помеѓу авторот и одбраниот мотив, односно ликовното дело со овие мотивски одредници и неговите приматели. Односот помеѓу овие три нивоа скоро никогаш не се наоѓа во една стабилна рамнотежа и постојано е во некоја напната врска која е во однос на времето, кога некое дело е создадено и со авторот на самото дело.“ – Лазо Плавевски

 

 

Димче Протуѓер, Скопје, индустриски дел, 1950

 

 

 

Никола Мартиноски, Свадба во Старата чаршија, 1970