Отворено XIX биенале на македонската архитектура
15.09.2018 • Изложби

Фотографии: Мартина Штериова, Васе Аманито
Четвртокот, на 13ти септември, во Музејот на Град Скопје, се отвори XIX биенале на македонската архитектура, на темата „Баукултур“ или „Култура на градење“ .
Претседателот на ААМ, Мартин Пановски, во говорот истакна за значењето на Баукултур, како термин кој треба да даде насока како треба да го третираме нашиот јавен простор и воедно контрадикторноста на погледот уште од излезот од Музејот, од спротива како не треба да се однесуваме со јавниот простор. Општата култура на градењето е нешто што недостасува на целото општество.
@ Мартина Штериова
Оваа година, претседател на советот на биеналето е Владимир Десков, кој ја презентираше програмата на настани кои може да ги посетите:
На изложбата можете да погледнете проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот како и внатрешната архитектура и дизајн. Истата ќе биде поставена до 27.09.2018, кога биеналето ќе се заокружи со доделувањето на наградите.
@Васе Аманито

Автор на статија: Filip Koneski
BIMAS / XIX / Биенале на македонска архитектура / БИМАС 2018 / Изложба