Запознајте се со СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА преку лични доживувања
13.01.2021 • Информации
„Споменик на слободата“ е монументален споменик во Кочани, изграден на ридот Локубија, на северозападната страна на градот. Архитектонското решение е на архитектот Радован Раѓеновиќ, додека применетите мозаици се дело на Глигор Чемерски.
Со идеја за реактуелизирање на ова ремек дело, значајно за современата македонска архитектура и уметност, создадена е интернет страна на која можете да се запознаете со личните приказни поврзани со споменикот.
Воедно можете да придонесете со ваша лична приказна и да погледнете архивски фотографии од изведбата на оваа монументална целина.
Страната можете да ја посетите на линкот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Глигор Чемерски / Кочани / РАДОВАН РАЃЕНОВИЌ. / Споменик на слободата