Железен мост, Скопје / 1905

Име: Железен мост
Aдреса: ул. Махмуд Шефкед Паша (сегашен Бул. Крсте Петков) Мисирков
Година: 1905
Локација: Скопје
Моментална состојба: Непостоечки објект
Извор: www.ceipa.pmf.ukim.mk

 

 

Железниот мост историски бил еден од главните оски кои ги поврзувале двата брега на реката Вардар, „стариот град“ и јужната страна на градот Скопје. Со преместувањето на седиштето на Косовскиот вилает од Приштина во Скопје во 1888 година, се случува забрзан развој на полето на архитектурата и градот подлежи на модернизација.

На јужната страна на Скопје се наоѓа и железничката станица. Во 1905 година ул. Махмуд Шефкед Паша (сегашен булевар Крсте Петков Мисирков) се поставува Железниот мост, поврзувајќи го Маџир маало со Бит Пазар.

 

Фотографија: https://ceipa.pmf.ukim.mk/mk/node/125
Фотографија: https://ceipa.pmf.ukim.mk/mk/node/125
Фотографија: https://ceipa.pmf.ukim.mk/mk/node/125

 

Мостот бил една од единствените врски на градот до 1939 кога по новиот Генералниот регулационен план на Скопје се планираат дополнителни мостови по кој е и Мостот „Слобода” (првично име Моша Пијаде) во 1939 година.

Мостот се наоѓал на местото на денешниот „Мост на револуцијата“. Бил изграден од железо на столбови од делкан камен. Бил познат и како Мост на Махмуд Шефкет-паша. Улицата која била пробиена од мостот кон Бит-пазар исто така го носела името на оваа личност. Мостот бил оштетен од бомбардирањето на градот на 6 април 1941 година.

 

Фотографија: https://ceipa.pmf.ukim.mk/mk/node/125
Фотографија: https://ceipa.pmf.ukim.mk/mk/node/125
Фотографија: https://ceipa.pmf.ukim.mk/mk/node/125