Летната школа за архитектура под менторство на арх. Алеш Водопивец

Архитектонскиот факултет при УКИМ, вчера на својата страна  го објави најавниот постер за годинешната школа за архитектура, која традиционално се случува во манастирот Св. Јоаким Осоговски.

Секоја година различно име од сферата на архитектурата е гостин на школата, со што студентите можат да се здобијат со вонредно знаење, работа во природа, сертификат за учество и незаменливо искуство.

Оваа година, летната школа ќе ја води словенечкиот архитект Алеш Водопивец, кој воедно е професор на факултетот во Љубљана.

Кој е Водопивец?

Алеш Водопивец (роден 1949/06/04), дипломирал на Архитектонскиот факултет во Љубљана, во класата на проф. Едвард Равникар. Покрај студирањето архитектура завршил и понатамошни студии по филозофија на Филозовскиот Факултет во Љубљана(1971-1974).

Предава „Проектирање композиција“ и „Теоријата на архитектурата 3“, визитинг професор и предавач на разни универзитети, меѓународни симпозиуми и стручни собири во земјата и во странство.

Се здобил со бројни награди на архитектонски и урбанистички конкурси, како и со  Прешерн награда (1991), признанието Piranesi (1990, 2000), Плечниковата награда (2001), три Плечник медали, Ernst А. Plischke Preis (Виена, 2011 година)  и вклучување во потесниот избор за наградата Мис ван дер Рое (2001).

Се среќава и како автор или уредник на повеќе книги: Архитектура Љубљана, AB, Љубљана во 1974 и 1978 година; Од архитектурата (Ј Koželj) – Прашања за уметноста за градењето; Крт 48, Љубљана 1987 HAC Via, Љубљана, 1991 година; Едвард Равникар, Уметност и архитектура, Зборник со есеи, Слоенска матица, Љубљана 2007 година; Едвард Равникар – архитект и Учител (Р. Жнидаршич), Спрингер, Виена / Њујорк, 2010 година.

Ф.К