„Скопје – Невидлив урбанизам“ – изложба на тимот на МАРХ

Место на изложување: Галерија САС , Парк на франкофонија, Скопје

Дата: 21 мај – 31 мај, 2016

Наслов: Скопје – „Невидлив урбанизам“  / работен наслов: „Рециклиран урбанизам“

Тим: Мартин Ефремовски,  Филип Конески, Борис Јурмовски,  Ноеми Чаусидис, Моника Крстевска, Софија Стојаноска, Антонио Грујевски

Објект – предмет на анализа: Станбен објект ул. Петар Делјан бр.1  „11 Октомври згради“, Скопје

IMG_6431

Изложбата беше подготвена како дел од настанот „Рециклиран град“ ,   во склоп на овогодинешното биенале на македонска архитектура Бимас 2016 .

IMG_6444

Образложение:

Градот Скопје, се соочува со трансформација на својот лик и поместување на правецот на развој, отстапувајќи од насоката кон која движеше до 90тите години на ХХ век. Истата има импакт на урбанизмот, новопроектираната архитектура, сообраќајот и односот кон наследениот градежен фонд ( особено на колективната станбена архитектура). Последните 10 години, градот се соочи со сериозен удар на строгото централно подрачје, со интервенции  кои го игнорираа 100 годишниот развој и контекст на просторот. Дрскоста на таквата нетранспарентна интервенција, не насочи кон преиспитување на вредноста на она што го поседувавме и полека почнавме да го губиме- модерното наследство на Скопје. Брзината на случувањата и обемот на интервенции во центарот на градот, го привлекоа целото внимание на јавноста, не оставајќи простор да се посвети внимание на она што се случуваше по скопските општини. Всушност, тука лежеше и коренот на ваквата појава и дрскост на индивидуалното над колективното.

IMG_6437

Скопските населби 11-Октомври  згради,Чаир, Пролет, Карпош, Мичурин, Автокоманда  се местата каде уште во 90тите години општините дозволија неразумни доградби на зградите, без заеднички архитектонски концепт, почит кон постојното и заедничкото, без обврска за заедничка слика. Овој процес го нарековме „фавелизација“ според создадената слика на непланско и индивидуално делување врз колективни објекти.

IMG_6448

Ваквиот принцип на рурализација, од скопските градски маала создава слика на фавела, разединување на сликата  и „приграбување“, што е  вид на безредие во делувањето. Овој феномен кој се случува во Скопје и Македонија, е обратен од природата на процесот  на рециклирање. Од организирано во деградирано, постигнувајќи ја спротивната цел на  поимот. Кога рециклираме се поистоветуваме најчесто со реупотреба на остатоци, во позитивна цел. Доколку еден објект е во деградирана состојба, преку интервенција можеме да создадеме нов квалитетен простор, а со тоа и да го продолжиме живеењето на истиот. Правецот е од неорганизирано во организирано.

IMG_6434

Во Скопје, овие објекти беа компактни и еднакви за сите т.е  организирани во својот  заеднички изглед и функција. Со процесот на индивидуално доградување се постигна деградирањето и губење на чувството за компактност и организираност,што значи чекор наназад, а со тоа и уништување на вредноста. Рециклирањето е насока за подобрување на постоечката вредност, додека во нашиот пример се случува развреднување.

IMG_6449

Интервенциите врз овие објекти се слоевити и ја кријат оригиналната слика на објектите, различни по материјал, организација на прозорски отвори, боја, столарија вршејќи еднакво влијание на внатрешноста како и на надворешноста на објектите.

IMG_6439

Концептот анализира станбен објект на ул. Петар Делјан, во населбата 11 Октомври –згради, со сите негови слоеви на промена како на својот фасаден фронт, така и сериозниот импакт врз внатрешната организација со тие  интервенции.

IMG_6432

 

Бидејќи овој процес на „рефасадирање“ преку доградба и ширење е обратен од суштинското значење на насловот „Рециклирана архитектура“, се обидуваме по обратен пат, да стигнеме до вистинското значење на истиот.

Невидлив урбанизам_Марх изложба_Бимас 2016_намелена

Барајќи ги остатоците кои се блиску до оригиналната архитектура, на истотипските објекти во околината на објектот кој го анализираме, ги рециклираме истите преку фотомонтажа, со цел да добиеме вистински блиска реконструкција на оригиналот. Составувањето или колажирањето на тие остатоци, кои често се со различна перспектива, ја доловуваат несоодветноста на моментумот и неговата манипулација преку насловот, намерно изоставувајќи ја техничката совршеност која е далеку од нашата реалност.

IMG_6436

Фотогалерија од отворањето:

IMG_6225

IMG_6224

IMG_6228

IMG_6233

Секому добро!

МАРХ

 

 

Автор на статија: