Урбанизмот во Република Македонија низ делата на архитект Рафаил Влчевски

Комората на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија Ве поканува на стручен семинар насловен Урбанизмот во Република Македонија низ делата на архитект Рафаил Влчевски – опус на над 50 годишно работно искуство.

На стручниот семинар ќе бидат изложени дела од урбанистот Рафаил Влчевски, еден од доајените на урбанистичкото планирање на овие простори, поранешен директор на Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје и добитник на наградата од Комората за 2018 година, именувана Проф. Борис Чипан.

Влчевски се вбројува во градителите на ново Скопје. Активно учествувал во изготвување на урбанистичките планови за град Скопје заедно со екипите на Доксијадес од Атина и Полсервис од Варшава, на ГУП 1964/65 година и ОУП-Скопје од 1985 година. Бил раководител на работниот тим за изготвување на Нацрт-планот за градот Скопје 2002- 2020 година. Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси на кои бил 14 пати првопласиран.

Семинарот ќе го отвори Раководителот на одделението на урбанисти и планери при Комората, со кратко излагање за системот на урбанистичко планирање во Република Македонија пред нејзиното осамостојување.

Информации за настанот: 

Дата и час: 5 февруари 2019, во 12 часот
Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ
Број на слободни места: 80
 

ВАЖНО: Регистрацијата се врши исклучиво преку веб страната на комората на следниот линк >