За нов претседател на ААМ е избран архитект Мишко Ралев
22.10.2020 • Информации
„Вчера, 21.10.2020год. се одржа Изборното собрание на ААМ за ново раководство. За нов Претседател на Управниот одбор на ААМ е избран архитект Мишко Ралев, а за нов Претседател на собрание на ААМ е избрана архитект Искра Јанковска Михајловска.
Членови на новиот Управен одбор се архитектите: Мартин Деловски, Александар Радевски, Марта Илиевска, Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ, Иван Арсов и Бесиан Мехмети.
Сакаме да изразиме честитки и благодарност до претходниот претседател Мартин Пановски заедно со Управниот одбор, за целокупната работа, посветеност и постигнатите резултати. Новиот УО ќе ја продолжи работата и сите започнати активности и покрај отежнатите услови на функционирање во време на пандемија, со надеж за уште поуспешни времиња на ААМ. Благодарност и до Архитектонски факултет Скопје, што ни излезе во пресрет со активностите поврзани околу Изборното собрание.“
Автор на статија: Filip Koneski