Сотир Шундовски / 1933 – 2002

Сотир Шундовски (1933-2002), македонски архитект со изостренo чувство  за форма, пропорција и применет материјал. Роден во 1933 година во с. Гопеш, битолско. Дипломира во 1960 г. на Архитектонскиот факултет во Белград на тема: „Околиски и општински одбор на град Битола“. Првото вработување му е во Проектантското биро „Нова градба“ во Битола. Во 1972 година преминува да работи во Заводот за урбанизам и проектирање во Битола, во 1980 г. се
префрлува во ГП „Пелистер“, а во 1994 г. се вработува во Одделот за проектирање и инженеринг, каде го дочекува и своето пензионирање во 1998 г.

Неговото творештво е богато и разновидно и тој со своите реализирани објекти остави длабоки траги во создавањето на нови архитектонски вредности во Битола. Од богатиот творечки репертоар како позначајни остварувања се издвојуваат:

Општата болница во Битола (1968),

Основниот суд во Битола (1970),

Стоковната куќа „Јавор“ во Битола (1975),

Стопанска банка – Битола (1976),

Управната зграда на ГП „Пелистер“ (1977),

Конзумната млекарница во Битола (1979),

Пекарницата „Крушево“ во Крушево (1983),

Административно-деловниот објект на ГП „Пелистер“ во Битола (1987),

Хотелот „Молика“ на Пелистер, Битола (1990),

Бизнис-центарот во Битола (1996)

и Трговскиот центар „Санпромет“ во Битола.

Добитник е на Големата награда за архитектура на САМ во 1994 г., за административно-деловниот објект на ГП „Пелистер“ во Битола и повеќе општествени признанија, плакети и пофалници.

 

Стоковна куќа “Јавор“, Битола, 1968

 

Фотографија од изградбата на Стоковната куќа “Јавор“

 

Хотел “Молика“ на Пелистер, Битола, 1990

 

Административно-деловниот објект на ГП „Пелистер“ во Битола, 1987

 

Користени извори:
mk.wikipedia.org; http://nuub.hopto.org/