Рагледниците како архитектонски медиум: Кои се нашите досегашни изданија?
18.11.2024 • Информации
Во дигиталната ера, каде што екраните доминираат во комуникацијата, разгледниците остануваат потценет, но моќен медиум за раскажување приказни. Тие го доловуваат духот и културата на едно место, нудејќи уникатен начин за промоција на архитектурата.
Нивната физичка природа создава тактилно искуство што ја зајакнува поврзаноста со сликата, прикажувајќи ги зградите како симболи, а не само објекти. Компактниот формат ги истакнува највпечатливите визуелни и наративни елементи.
Како минијатурни амбасадори, разгледниците ја промовираат архитектурата на глобално ниво, достигнувајќи публика која можеби никогаш нема да ги посети тие места. Со спој на традицијата и технологијата, тие остануваат релевантни во популаризацијата на архитектонскиот свет.
Во изминатите МАРХ издаде повеќе изданија на разгледници кои се разликуваат по својата тематика. Авторството на збирките е на основачот на МАРХ, Филип Конески, додека фотографиите се дело на Филип Конески и Борис Јурмовски.
За време на нашиот роденден сите разгледници ќе можете да ги набавите на штандот на МАРХ на првиот кат во Public Room по намалени цени
- За проектот Бетонско Скопје
- Бетонско Скопје 1
- Бетонско Скопје 2
- Бетонско Скопје 3
- Дебармаалска Еклектика
- Македонска Споменична Архитектура
Во продолжение галерии од сите комплети разгледници:
Македонска Споменична Архитектура
Автор на статија: Љубен Трајаноски