Пристапот кон традиционалната архитектура / Воден – галерија

Пристапот кон традиционалната архитектура и културно наследство е различен во сите Балкански држави. Сите држави се заеднички наследници на таканарачениот Балканско – Анатолиски тип на традиционална архитектура, типологија која се протега се до Блискиот Исток. Во тој поглед преку споредувањето на односот кон истото во други култури и држави е начин на кој можеме да научиме едни од други.

Анатолиски-балканска традиционална архитектура

Воден, град во регионот Македонија во Северна Грција е доста интересен случај на зачувување на старото јадро преку прецизнa реставрација и интервенции. Како голем и развиен град во крајот на 19тиот век, политичкитe и воени промени во регионот ќе кулминираат со палењето на градот од страна на Германската војска во 1944 година. Тогаш стариот град ќе биде лимитирам на само една мала зона (Варош) додека остатокот од градот ќе погледне на грчките урбанистички идеи од 50-тите години на дваесетиот век. Варош ќе остане ненаселен во следните години за да биде реставриран и реинтегриран во градот како архитектонско-туристичка целина.

Воден во 1916 година. @galica.com

Секако преку галеријата можеме да ја забележиме тенденцијата во која има обиди за разни модерни и современи интервенции во традиционалната архитектура нешто што е освежувачки да се види во овој стил на архитектурата. Истите интервенции носат доза на модерност во старото јадро без да ја нарушат автентичната целина. Боите, користени преку целиот тек на 19 век повторно го наоѓаат своето место во градот. Со прекинот на имитација на архитектурата од 19 век и продирањето на современата архитектура можеме да замислиме една поинаква визија за нашите стари градови.