Повик за учество на 34-та сесија на Меѓународна летна школа за архитектура
14.06.2025 • Информации

Школата ќе се оддржи во Лазарополе во организација на Архитектонски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
ЕПИГЕНЕТСКО ЛАЗАРОПОЛЕ
Упатства за концептуално уметничко дело
Архитектонска работилница со Елиза К. Катанео и Лоренцо Дељи Еспости
28.06 – 06.07. 2025
Во 1966 година, Роберт Морис го напиша својот познат есеј Забелешки за скулптурата во списанието Artforum. Во овој есеј, кој може да се смета за еден од интелектуалните претходници на концептуалната уметност, Морис повикува на две дијалошки и наизглед спротивставени идеи. Првата, автономија на формата, препознаена преку процеси на концептуализација, инхерентни на композициската логика и втората, идејата за средината, односно надворешноста која го определува проектот и следствено изискува логика и форма кои сè уште не се познати.
Познатиот есеј на Морис значајно придонесе за дебатата, вклучувајќи уметници како Доналд Џад, Сол Левит, Јарослав Козловски, од една страна и Роберт Смитсон, Ненси Холт, од друга.
Неговиот текст може да се смета за генеративен во однос на концептуалната уметност и „ленд арт“ формата: првата од хуманистичките и апстрактните редови, втората емпириска и приспособлива.
Двете го отфрлаат формализмот и бараат нова естетика.
Од двете изнедрува и потребата за дефинирање нови јазици, таксономии и проектни форми.
Современиот свет повторно го поставува истото прашање: додека архитектурата го губи својот статус како автономна дисциплина, прашањата за екологијата и пејзажот сè уште се нејасни и бараат нови кодови на проектирање.
Работилницата има за цел да експериментира со тоа како наизглед спротивставени принципи можат да се апсорбираат – дури и без нужно пронаоѓање и разрешена синтеза – во единствен процес на проектирање, способен за генерирање форми со различно когнитивно, логичко и синтаксичко потекло.
Имајќи ја предвид ситуацијата – односно наизглед „слабиот предел“ во позитивна и продуктивна смисла – студентите ќе бидат повикани да проектираат објект – или систем/серија објекти – земајќи ги предвид уметничкиот, еколошкиот и дисциплинарниот контекст (вклучително и во форма на претходни дела). Овој процес може да се смета за археологија на знаењето која – како што вели Фуко во воведот на Les Mots et les Choses – покажува дека дури и од хетерогени елементи може да произлезе нова епистемологија на современиот свет.
Важни информации:
• Официјален јазик на работилницата е англискиот;
• Примените студенти плаќаат котизација од 6000 денари (сместување+храна+превоз помеѓу Скопје и Лазарополе);
• Аплицирајте со биографија (CV) и портфолио (PDF документ, максимум 5 проекти, во A4 формат) најдоцна до 20 јуни на ssarch@arh.ukim.edu.mk;
• Избраните студенти ќе бидат информирани најдоцна до 23 јуни.

Автор на статија: Filip Koneski
34та / Архитектонски факултет Скопје / АФС / Лазарополе / Летна школа / УКИМ