„Архитектонските стилови во македонската архитектура…..“ / Кокан Грчев

Доколку сакате да се запознаете со влијанието на архитектонските стилови врз македонската архитектура  кон крајот на XIX век и првата половина на XX век, ова четиво може да ви помогне во тоа.

Naslovna_Arhitektonskite stilovi _Kokan Grcev

Книгата е издадена во 2003 година, од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, под авторство на почитуваниот професор Кокан Грчев. Ги опфаќа и обработува повеќето од објектите кои сеуште постојат и се дел од архитектонското наследство, но обработува и некои објекти кои се сеуште присутни во колективната меморија за македонските градови.

Info_Arhitektonskite stilovi _Kokan Grcev

Во книгата покрај тековните општествени состојби, нивна анализа, архитектонска анализа и општи информации за градителите, сопствениците и локацијата се наоѓаат и црно бели фотографии. За жал истите не се во најдобра резолуција и квалитет, но се доволен архивски ориентир за оние кој би тргнале во потрага и истражување на конкретен објект. За некој од објектите приложени се и   технички цртежи. Ова истражување претставува сериозен придонес кон предметот „Историја на архитектура“ бидејќи се бави со конкретен период, конкретна локација и анализа на посебните карактеристики на таа локална архитектура.  Нејзините особености, влијанија и општествен контекст се вистинска архива на една доба од македонската историја, особено за градителската традиција, каде за прв пат се среќаваме со појавата на модерната и нејзините принципи во општата естетика.

Strana primer_Arhitektonskite stilovi _Kokan Grcev

 

Info 2_Arhitektonskite stilovi _Kokan GrcevСопственото деморализирање што често како македонско општество го чиниме, професорот се обидува да го изолира, укажувајќи на вредностите кои треба да ги перцепираме кога се вреднуваме себеси. Но, не криејќи ги негативните особености, овозможува реална и рационална мисла во анализата на домашното културно наследство.

Сметаме дека ова четиво, треба секој да го поседува во сопствената библиотека, особено доколку е дел од струката. На тој начин многу лесно ќе превенираме  подржувачи и креатори на квази стилови, со што се соочува македонската сцена во сегашноста.

Ф.К

Автор на статија: