Гимназија „Јосип Броз-Тито“, Битола

Година: 1882

Локација: Битола

 

Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ е една од најзначајните и настарите образовни институции во Битола. Објектот на денешната гимназија датира уште од периодот на Османлиското Царство, од крајот на 19 век. Претставува еден од најрепрезентативните примери на архитектура со јавна и образовна намена од периодот помеѓу 19 и 20 век во Македонија. Објектот носи силен печат на османлиската модернизација и европеизација на Битола, кога градот важел за значаен дипломатски и воен центар.

Изграден е во 1882 година кога објектот претставувал приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Во 1892 ја продал куќата на општината, а таа ја пренаменила во нижа гимназија. Во гимназијата се образувале ученици од целиот Битолски вилает, па оние кои не биле од градот, претстојувале во интернат кој бил во склоп на самото училиште. Со текот на годините гимназијата со својата намена претрпеле промени, како и нејзиното име кога претходно било „Гоце Делчев“, но во 1952 година со одлука на советот името било променето во „Јосип Броз-Тито“, кое го носи и денес.

 

Извор: https://gimnazija-jbt-bitola.edu.mk/%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82/

 

Градењето на вакви големи јавни и образовни установи во тој период се чини било дел од планското проширување на Битола надвор од чаршиските јадра. Гимназијата е сместена на ул. „Булевар 1 Мај“, долж кејот на реката Драгор, од каде што е главниот влез. Во минатото, реката Драгор претставува главна просторно-композициска оска околу која се развивал градскиот живот. Поставувањето на ваков јавен објект директно на кејот му дава визуелна видливост и доминација во уличниот потег.

 

Извор: https://republika.mk/vesti/makedonija/gimnazijata-josip-broz-tito-bitola-slavi-80-godini-nastava-na-sovremen-makedonski-jazik/

 

Архитектурата на зградата е синтеза на западноевропски стилски елементи (неокласицизам) и традиционална османслиска организација на јавни објекти. Овој стил во Битола бил директен резултат на влијанието  на странските архитекти и мајстори донесени од Истанбул или Централна Европа. Објектот има изразена хоризонтална распространетост во правоаголен плански распоред околу централен ходник за комуникација. Ова овозможува максимално природно осветлување и проветрување на сите простории.

Фасадно се одликува со строго нагласена симетрија и централен дел кој е визуелно потенциран и е сместен главниот репрезентативен влез. Целата главна фасада е декорирана со карактеристични пиластри, украсни корнизи, архитравни завршетоци над прозорските отвори, кои се ритмички симетрично поставени и му дава строг, монументален изглед на објектот – соодветен за образвона институција.

 

Извор: https://gimnazija-jbt-bitola.edu.mk/

 

Денес, заради своите архитектонски и историски вредности, објектот на гимназијата е прогласен за споменик на културата. Претставува клучен елемент од архитектонското наследство на Битола од османлискиот период кој успеа да го задржи својот изворен облик, зачувувајќи ја автентичната фасадна пластика и урбанистичката рамка на градскиот кеј.

 

Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Gimnazija_Josip_Broz_Tito_Bitola_%283%29.jpg
Извор: https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Gimnazija_Josip_Broz_Tito_Bitola_(2).jpg

 

Извор: https://gimnazija-jbt-bitola.edu.mk/

Насловна фотографија: https://gimnazija-jbt-bitola.edu.mk/

 

Битолска староградска куќа