Црква во село Штавица направена при снимање на филмот „Прашина“
18.10.2024 • Истражување
Автори: Дејвид Манс и сценографската група
Локација: Село Штавица, Прилепско, Македонија
Година: 2000
Насловна фотографија: Кирил Симеоновски
Извори: Милчо Манчевски на Facebook, Fashionel.mk – 20 години „Прашина“, Wikiwand,
Во денешната објава ја разгледуваме малата црква во селото Штавица изградена за време на снимањето на култниот македонски филм „Прашина“. Поради потребите на сценографијата црквата е изградена со апсидата на западна страна и не претставува вистинска црква. Поради тоа го има добиено називот „Филмска црква“.
Црквата е еднокорабна со двоводен кров изградена во пост-византиски манир со ѕидови целосно ѕидани со камен, додека на апсидата се јавува и керамичка декорација на венецот.
На фасадата има фрески од Архангел Гаврил, Св. Георгиј Победоносец како и сцени од Страшниот суд. Манирот на сликање во одредени извори се поврзува со Лешочкиот манастир.
Денес градбата се користи како помошен објект на локалните жители. Во изминатите години многу туристи ја посетуваат оваа локација и оваа црква е добро документирана.
Автор на статија: Љубен Трајаноски