Изложба „Архитектите за европско Скопје“ | Галерија
08.11.2018 • Информации
Фотографии: Мартина Штериова
На 5 ноември 2018 (понеделник) во фоајето на Македонската опера и балет се отвори изложбата „Архитектите за европско Скопје“. На изложбата која е оранизирана од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје и Архитектонски факултет при УКИМ – Скопје се претставени завршни архитектонски проекти и аналитички модели на студенти на Архитектонскиот факултет при УКИМ.
Изложени се проекти кои се занимаваат со различни тематики за тоа како да го направиме Скопје поубаво почитувајќи ги неговите постоечки вредности. Од реквалификација на фрагментираната урбана територија на градот Скопје помеѓу Градскиот трговски центар и Транспортниот центар во Скопје, ревитализација на Старата железничка станица (Музеј на град Скопје), развивање на инхерентните вредности на Бит-пазар преку современи обликовни постапки, па се до реупотреба со пренамена на фабриката “Купром”, со нови програмски и јавни содржини и уште многу други теми како предмет на обработка.
Изложбата можете да ја посетите до 9 ноември, а во прилог погледнете ја атмосферата од отворањето >>>
Автор на статија: Martina Shteriova
АФС / Изложба / МОБ / Скопје / Студентски проекти