Рагледниците како архитектонски медиум: Кои се нашите досегашни изданија?

 

Во дигиталната ера, каде што екраните доминираат во комуникацијата, разгледниците остануваат потценет, но моќен медиум за раскажување приказни. Тие го доловуваат духот и културата на едно место, нудејќи уникатен начин за промоција на архитектурата.

Нивната физичка природа создава тактилно искуство што ја зајакнува поврзаноста со сликата, прикажувајќи ги зградите како симболи, а не само објекти. Компактниот формат ги истакнува највпечатливите визуелни и наративни елементи.

Како минијатурни амбасадори, разгледниците ја промовираат архитектурата на глобално ниво, достигнувајќи публика која можеби никогаш нема да ги посети тие места. Со спој на традицијата и технологијата, тие остануваат релевантни во популаризацијата на архитектонскиот свет.

Во изминатите  МАРХ  издаде повеќе изданија на разгледници кои се разликуваат по својата тематика.  Авторството на збирките е на основачот на МАРХ, Филип Конески,  додека фотографиите се дело на Филип Конески и Борис Јурмовски.

За време на нашиот роденден сите разгледници ќе можете да ги набавите на штандот на МАРХ на првиот кат во Public Room по намалени цени

 

Во продолжение галерии од сите комплети разгледници:

 

Бетонско Скопје 1

 

Бетонско Скопје 2

 

Бетонско Скопје 3

 

Дебармаалска Еклектикa

 

Македонска Споменична Архитектура