Сценска архитектура: теорија и пракса

Датум: Четврток, 30 октомври 2025 година
Време: 11:30 – 14:30 часот
Локација: Факултет за драмски уметности – Скопје [Академска сцена]

Во четврток, на 30 октомври 2025 година, на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности – Скопје, ќе се одржи презентација и разговор на тема „Архитектурата како сцена“. Настанот ќе ги обедини архитектурата и изведбените уметности во една интердисциплинарна дискусија за просторот, настанот и сцената како заеднички медиум на создавање и доживување.

Што претставува сценската архитектура?

Простор, зграда, изведба, театар – или нешто помеѓу?
Авторките Слаџана Миличевиќ, Александра Пештерац и Татјана Бабиќ, како дел од нивното истражување за научниот труд „Вовед во сценска архитектура“, ќе ги претстават резултатите од своето истражување во локален контекст. Тие ќе споделат свои согледувања и искуства за релациите меѓу архитектурата и изведбата, преку историски и современи примери, со особен фокус на едукативната и интердисциплинарна практика „Градот како сцена“.

„Конечно можеме да ја дефинираме сценската архитектура (како настан) како интердисциплинарна практика која вклучува примена на сценски начин на размислување во медиумот на архитектурата, со цел да се воспостави архитектонски сценски настан, чија главна цел е да ‘раскаже приказна’ во просторот – односно низ просторот – и да изведе драмски ефект врз набљудувачот (корисникот).“
Слаџана Миличевиќ, Александра Пештерац, Татјана Бабиќ

Агенда на настанот

11:30 – 12:30
Сценска архитектура: теорија и пракса
Презентација на истражување
Слаџана Миличевиќ, Александра Пештерац, Татјана Бабиќ
(Отсек за уметност и дизајн, Факултет за технички науки – Нови Сад)

12:30 – 13:30
Лабораторија за перформативно-просторни практики: „Градот како сцена“
Филип Јовановски
(Архитектонски факултет, УКИМ – Скопје)

13:30 – 13:45
Пауза за кафе

13:45 – 14:30
Разговор и рефлексија

Учесници

Бесфорт Идризи (декан, Факултет за драмски уметности – Скопје)
Владимир Јанчевски (куратор, Музеј на современа уметност – Скопје)
Ивана Васева (кураторка, Музеј на современа уметност – Скопје)
Агата Рогош (кураторка и истражувачка, Берлин)
Слаџана Миличевиќ, Александра Пештерац, Татјана Бабиќ
(Отсек за уметност и дизајн, Факултет за технички науки – Нови Сад)
Филип Јовановски (Архитектонски факултет, УКИМ – Скопје)

Учество ќе земат и студенти и млади архитекти/уметници од:
Факултет за драмски уметности – Скопје
Архитектонски факултет – УКИМ (урбанистичко студио 7.4)
вклучително Димитар Милев, Екатерина Добривојевска, Дениз Ајдаревиќ (актер, ФДУ) и студенти од отсекот Театарска режија.

Организатори и партнери

Настанот се одржува во организација и партнерство на:
Отсекот за уметност и дизајн на Факултетот за технички науки – Нови Сад,
Лабораторија за перформативно-просторни практики „Градот како сцена“,
Факултет за драмски уметности – Скопје и
Архитектонски факултет – УКИМ, Скопје.