Отворена изложбата на KONNTRA како пре-отворање на БИМАС XXII
04.10.2025 • Изложби

„KONNTRA е резултат на пријателство и вера во нешто што изгледа недостижно. Потекнувајќи од земји со различни култури на поранешна Југославија, ја користиме секоја можност за создавање нови врски. Стремиме да предизвикаме емоции и да дефинираме нов вид поетика на просторот. Создаваме архитектура која не познава граници.
Архитектура која си дозволува — и им дозволува на своите корисници — да сонуваат.“
Од вчерашното отворање на изложбата во Сули-Ан
Ова е воведниот текст кој ќе ве пречека на страната на KONNTRA, преку кој можете да ја насетите енергијата и посветеноста на тимот – Мирјана Лозановска, Силвија Шалева и Ерик Јуришевич.
Нивната работа ја следиме од почетоците и на нашата страна можете да најдете повеќе од нивните проекти и успеси на меѓународни и регионални конкурси.
Изложбата во рамките на BIMAS XXII
Вчера во рамките на програмата на БИМАС XXII имавме можност да присуствуваме на пре-отворањето на двонеделниот настан, во чест на тимот на KONNTRA кои се претставија пред македонската јавност со изложба на селектирани трудови и проекти.
Настанот го отвори Иван Мирковски, по кој следеа говорите на тимот на KONNTRA. Присутните имаа можност да поразговараат со авторите за нивните искуства, впечатоци и пристап кон работата.
Изложба XS,S,M,L,XL,XXL
Различноста на тимот не претставува никаква пречка, напротив предизвик за усогласување во работата со цел креација на нешто специфично и несекојдневно. Школувани се на различни места и имаат стекнато работно искуство во различни средини, поточно Мирјана и Силвија на факултетот за архитектура и дизајн на Американ Колеџ во Скопје, a Ерик на факултетот за архитектура во Љубљана и потоа во Минхен.
Идејата за тоа дека се заедно во процесот на стекнување супер искуства и нови инспиративни проекти, е тоа што ги поврзува и мотивира. Каде е сместена KONNTRА е прилично тешко прашање бидејќи нивното студио завзема повеќе локации зависно од тековните проекти. Доволно е да ги погледнете нивните трудови на изложбата, воедно и локациите на проектите и според тоа да го забележите регионалниот успех и мобилност.
Дел од изложеното со промотивен материјал во форма на разгледници
Изложбата е сместена во специфичната атмосфера на Сули-Ан во старата скопска чаршија. Покрај официјалниот дел, настанот беше придружен со Dj сет, простор за забава и коктел.
Во продолжение се линковите каде можете да прочитате интервју со тимот, или да погледнете подетално некој од нивните изложени трудови >>>
Средно eкономско училиште, Вуковар, Хрватска / Шалева, Лозановска, Јуришевич, Пахович
Плоштад на традиционалните занаети, Вараждин, Хрватска / KONNTRA – конкурсно решение
Детска градинка, Загреб, Хрватска / KONNTRA – Шалева, Лозановска, Јуришевич, Пахович
Плоштад на традиционалните занаети, Вараждин, Хрватска / KONNTRA

Автор на статија: Filip Koneski
konntra / XXII / бимас 2025 / Ерик Јуришевич / Изложба / Мирјана Лозановска / Силвија Шалева / Сули-Ан