“The alien” / Узуновски
08.07.2016 • Уметност
Автор: Никола Узуновски
Година: 2016
Изложба: „Херои за еден ден“
На 27 јуни во фоајето на МОБ, беше отворена изложбата „Херои за еден ден“. На истата покрај главната поставка беше презентирана и инсталацијата – скулптурата „The Alien” на македонскиот уметник Никола Узуновски.
„Туѓинецот“ носи силна порака и симболика за несекојдневноста на архитектурата на објектот на МОБ, како и за тековната општествена состојба на македонското општество.
Во последната деценија Скопје доживеа градежна експанзија, притоа од град кој беше симбол на напредокот и меѓународната солидарност, стана симбол на регресија и затворен ум.
На екстремната националистичка политика и беше потребно уништување или бришење на било каков симбол на модернизмот, напредокот и рационализмот, заменувајќи го со кич и псевдо-античка архитектура.
Најдобрите примери на модернистичката и бруталистичката архитектура беа покриени со класичн колонади и украси изработени од експандиран полистирен. Една од зградите која успеа да го избегне овој ужасен процес беше Македонска опера и балет, најверојатно поради неправилната форма и некомпатибилноста со класичните стандарди и пропорции.
“Вонземјанинот” е модел на таа зграда, кој треба да лета како вселенски брод на небото, останатиот симбол на слободата и напредокот во општеството што стана слепо за својата иднина.
3D Визуелизација:
„The alien“
In the last decade Skopje experienced a major remake, from a city which was a symbol of progress and international solidarity, became a symbol of regress and narrow mindedness.
The extreme nationalist policies required destruction or erasure of any symbol of modernism, progress and rationalism, replacing it with kitsch and pseudo-antique architecture. The best examples of Modernist and Brutalist architecture were covered with classical columns and ornaments made from expanded polystyrene. One of the buildings that escaped this terrible process was the Opera and ballet, most probably because of its irregular shape and incompatibility with the classical standards.
“The alien” is a model of that building, flying as a spaceship in the sky, remaining a symbol of freedom and progress in a society that became blind to its future.
Ф.К
Автор на статија: marh