Здравко Рафаиловски / 1951

Извори: Градителите во Македонија XVIII-XX век – Георги Kонстантиновски; mk.wikipedia.org

 

Кратка биографија и достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата на Здравко Рафаиловски

 

Здравко Рафаиловски (26.08.1951, Нистрово, Гостиварско) дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје во 1975 година на тема Собрание на град Гостивар кај проф. Борис Чипан.

Веднаш по дипломирањето се вработил во оперативата на Г.П. „Гранит“ во Неготино. Истата година преминал на работа во проектантската организација „Мавровопроект“ на Г.П. „Маврово“ во Скопје. Од 2004 година продолжил да работи во истата организација под ново име „Примаинженеринг“ во Скопје.

Во времето кога се вработил во проектантската организација „Мавровопроект“, таму биле активни реномирани и искусни архитекти од кои можел да учи како се проникнува во тајните на проектирањето. Тој тука се стекнал со солидна подлога оспособен да ја преземе водечката ролја во творечкиот процес на организацијата.

 

Ситуација со партер на деловно-трговскиот центар „Мавровка“
Деловно-трговскиот центар „Мавровка“

 

Неговото творештво е разновидно и богато. Покрај бројните проекти реализирани на домашен терен тој се јавува како проектант на значајни објекти и надвор од нашата земја. Проектирал објекти и за СР Југославија, Либија и Русија.

Покрај плодната проектантска активност раководел и со изработката на техничката документација во сите нивоа на проектирањето. Негово омилено хоби е спортот.

 

Станбено-деловен комплекс „Карпош 4”
Станбен објект „Б-13“ на ул. Џон Кенеди во Чаир

 

Од богатиот опус на неговото творештво, позначајни проекти и реализирани објекти се:

Деловно-трговскиот центар „Шехерезада“ во Битола
Деловно-трговскиот центар „Шехерезада“ во Битола
Изглед на деловно-трговскиот центар „Шехерезада“ во Битола

 

Конкурси

  • 1977 г. — Спомен-дом во Шавник, Црна Гора (откуп)
  • 1981 г. — Станбени објекти во Ново Лисиче (прва награда, работа во тим, реализирани)
  • 1983 г. — Станбени објекти во Влае (откуп, работа во тим)
  • 1984 г. — Станбен објект во Ресен (втора награда)
  • 1992 г. — Деловен објект Алумина во Скопје (откуп)
  • 1993 г. — Соборна црква во Струмица (работа во тим)

 

Конкурсен труд – Соборна црква во Струмица

 

За своите дострели во полето на анонимните архитектонски конкурси и архитектонското проектирање добил повеќе признанија, пофалници и благодарници, како и:

  • 1981 г. — Прва награда на конкурс за станбениот комплекс А3-1, н. Ново Лисиче, Скопје
  • 1984 г. — Втора награда на конкурс за станбен објект, Ресен
  • 1993 г. — Гран при на БИМАС за Деловноо-трговски центар “Мавровка“, Скопје
  • 1982 г. — Благодарница од ГРО “Маврово“за повеќегодишно успешно работење
  • 2024 г. – Награда за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2023 година од ААМ

 

Станбени објекти К2, К3 и К4 во населбата „Аеродром“
Станбено-деловен комплекс „Карпош 4”