Иницијативите на МАРХ низ годините
21.11.2024 • Информации
Скопје е град со уникатен спој на историја, култура и брзи трансформации. Во изминатите неколку години, нашата платформа е посветена на потенцирање на клучните урбани предизвици и поттикнување дискусија за иднината на нашиот град. Преку успешни иницијативи и заеднички напори, работевме на истакнување на приоритетните проблеми во градот и промоција на одржлив, рационален урбан развој.
Во оваа објава, се осврнуваме на влијанието на нашите досегашни напори и истражувања кон отворање нови можности за обликување на Скопје во град кој ќе балансира помеѓу развојот, наследството и квалитетот на живеење. Придружете ни се на ова патување кон поодговорен и похуман урбан пејзаж.
Една од најзначајните теми што МАРХ ја актуализираше во изминатите години беше темата за Расадникот.
За Расадникот во Кисела Вода зборувавме многу пати – преку повици, иницијативи, анализи на урбанистичките планови и истакнување на неспорниот потенцијал на оваа локација.
Објавувањето и проследувањето на интернационалниот урбанистички конкурс за Расадникот претставува најголемата победа на една јавна иницијатива предводена од МАРХ. На оваа иницијатива се приклучија многумина, со што се зголеми видливоста на нашата заедничка работа и се поттикна ангажман од страна на Општината Кислела Вода.
За темата Расадник ве потсетуваме на нашите написи:
Граѓански протест за Расадникот во Кисела Вода
Расадникот – присутност која не смееме да ја загубиме!
РАСАДНИКОТ како последно упориште во битката за СКОПЈЕ
Расадникот како потенцијал на Кисела Вода
Предлог урбанистички план за „Расадник“ Кисела Вода
Презентирани резултатите од меѓународниот конкурс за РАСАДНИК
ТРЕСКА
За темата на просторот на поранешната фабрика за мебел „Треска“ пишувавме во повеќе наврати каде со стручни анализи апелиравме на внимателност при градењето на тоа поле. Преку граѓанските иницијативи активни во периодот на носење на ДУП-от се издејствува распишување на конкурс за оваа локација. Нажалост тоа не вроди со изготвување на нова планска документација.
Губењето на надежта за промена кај поранешната фабрика за мебел „Треска“
Покрај успешната иницијатива за меѓународниот конкурс за Расадник, на нашата страна одамна јавно говориме и за капацитетот и можностите на Магацините „Славија“ во Кисела Вода. Првичните замисли за истите беа во корелација со објектот на веќе срушената „Сапунара“, но по трагичниот исход, одлучивме јавно да предупредиме и да апелираме за „Славија“. За оваа тема говоревме во повеќе наврати:
За историското средиште на Скопје во континуитет пишуваме во континуитет. МАРХ постојано алармира за инвазивното претерано градење во оваа исклучително сензибилна средина што само укажува на немањето однос према сопствената историја.
Универзална сала
Во текот на дискусијата за што да се случи со Универзалната сала, МАРХ изрази став во една од најзначајните објави во тој период која целисходно го разгледува значењето на овој објект кој е еден од симболите на обновата на Скопје.
Универзална Сала како потенцијална жртва на изгубениот градски идентитет
Заштита на зеленилото и парковските површини во Скопје
Во минатото имаме пишувано екстензивно за важноста на големите парковски површини во целата слика за градот. Во повеќе наврати дававме на важност на оваа тема преку анализи на моменталната состојба на градот кои можете да ги проследите на следните линкови:
За градското зеленило (1): Слободниот простор пред раб на исчезнување
Предлози до идните градоначалници
До сега малкумина од градоначалниците ги слушале професионалците што имаат да кажат или предложат, а потоа истото да го интегрираат во своите програми вон партиските инструкции. Наше е да се обидеме. МАРХ во изминатите години направи низа на објави наменети за идните градоначалници каде се разгледуваат темите кои треба под итно треба да се земат предвид:
1: Заштита и конзервација на староградската архитектура
2: Јавни тоалети
3: Порозни улици
4: Пренамена на индустриски објекти – низ примерот на магацините на Славија
5: СТОП ЗА ФАВЕЛИЗАЦИЈАТА!
6: Ревитализација на градските реки
Популаризација на заборавени објекти
Спојување на минатото, сегашноста и иднината не е возможно без потенцирање на нашето градителско наследство. Низ годините успеавме да документираме објекти кои биле вон фокусот на архитектонскиот дискурс а се значајни примери на архитектура изградена во текот на минатиот век.
Автор на статија: Љубен Трајаноски
Градско зеленило / Расадник / Славија / стара скопска чаршија / Треска